Почетна Економија Средба Мицкоски – Рикер во Вашингтон, разговарале за предизвиците и поддршката за остварување на стратешките интереси

Средба Мицкоски – Рикер во Вашингтон, разговарале за предизвиците и поддршката за остварување на стратешките интереси

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон  имал средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер, со кого разговарале за предизвиците со кои се соочува нашата земја и поддршката што ни е потребна за остварување на стратешките интереси.

  -Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер.

Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси.

Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните, напиша на Фејсбук премиерот Мицкоски.

 Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација која е во официјална посета на САД, а ќе учествува и на Самитот на НАТО. ев/ac/Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING