Почетна Економија Средба Гаши-Тигањ – МАКТЕЛ

Средба Гаши-Тигањ – МАКТЕЛ

од nenad
2 минути читај за




                    Средба на претседателот Гаши со хрватската амбасадорка Тигањ

   

 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска. Беше изразено задоволство од средбата меѓу претставници на две пријaтелски и блиски држави, кои немаат меѓусебни отворени прашања. Гаши искажа голема благодарност за континураната поддршка што Хрватска ја дава на европската перспектива на нашата земја. Реформскиот пат на земјата продолжува, вклучително и усогласувањето со европското законодавство. Треба да делуваме како Европејци пред да бидеме дел од ЕУ – порача Гаши. Во двата законодавни дома функционираат групи за пријателство, како потврда за заложбите за поблиска меѓупарламентарна соработка и пријателски врски. Исто така, одлични се и политичките и бизнис релациите, а делуваме и како НАТО сојузници. Хрватска веќе го изоде патот кој ние треба да го одиме и затоа добродојдени се нејзините искуства и практики. Соговорниците беа согласни дека Западен Балкан треба да биде дел од европското семејство, заедно со сите свои проблеми, кои таму ќе се решаваат. Амбасадорката Тигањ беше децидна дека Хрватска и понатаму ќе се залага во Брисел кај европските партнери за што поскоро отворање на преговорите за нашата земја и зачленување во ЕУ.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING