Српскиот актер Бранислав Лечиќ пред повеќе од 30 години помина извесно време на Хиландар, каде што живееше речиси монашки живот.
Актерот го опиша своето искуство во претходните интервјуа, а сега истакнува дека би можел да се пензионира и да се замонаши.
„Отидов во Хиландар (српски манастир на Св. Гора) затоа што е духовно место од православна вероисповед, на која ѝ припаѓаме. Почнав од фактот дека проучувањето на духовноста мора да започне од местото каде што си роден. Роден сум во Србија, таа е мојата мајка, земјата што ја сакам и припаѓа на телото на православната вероисповед. Затоа морав да одам на сите тие свети места за да ја почувствувам нивната енергија. Хиландар е место каде би можел да го поминам целиот мој живот, сигурен сум дека би можел да живеам монашки живот“, изјави тој.
Да потсетиме, Бранислав Лечиќ пред неколку години зборуваше за престојот на Хиландар.
„Би можел цел живот да го поминам во Хиландар, сигурен сум во тоа. Таму ја добив монашката одежда, работев во лозјето и потплаував дрва во кујната“, изјави актерот.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/branislav.lecic.official/