Почетна Македонија Со 76 гласа Африм Гаши избран за претседател на Собранието

Со 76 гласа Африм Гаши избран за претседател на Собранието

од nenad
1 минути читај за

„Бидејќи ова ми е трет пратенички мандат може да кажам дека сум имал можност да бидам и пратеник на власта и на опозицијата. Ќе се погрижам да овозможам на секој пратеник да му се гарантира право на изразување. Мојата единствена припадност ќе биде ниту еден пратеник да не биде дискриминиран“,рече Гаши.

   

За функцијата спикер на законодавниот дом Гаши беше предложен со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.Гаши со потписи на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ и формално предложен за претседател на Собранието

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити, како дел од коалицијата Вреди“ и предлагач на кандидатот за претседател на новиот парламентарен состав, рече дека Гаши е пратеник осум години и дека станува збор за политичар за кој нема никаква дамка и кој не се споменува во коруптивни случаи.Пред изборот на Гаши во Собранието имаше дискусија околу овој предлог за кој најмногу реагираа пратениците од Левица.

Претходно, во рамките на конститутивната седница беше избран составот на Комисијата за прашања за именувањата и изборите.Собранието денеска со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и со тоа ги верифицира мандатите на 118 пратеници.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING