Почетна Македонија Со закачена слика на Тито во поранешна продавница се гласа во Велешко Дуротовец

Со закачена слика на Тито во поранешна продавница се гласа во Велешко Дуротовец

од nenad
2 минути читај за




Со поглед на автопат и панорама на градот, на само четири километри од центарот на Велес се наоѓа населбата Дуротовец. Без табла, неколку куќи, по некое куче и делумно раздвижени граѓани беше сликата која што денеска ја затекнавме во овој дел од градот. Во поранешна продавница, со сликата на Тито и ќумбе избирачкиот одбор подготвен да ги дочека гласачите кои ќе се решат да го остварат своето право на глас. На список се 113 но само мал дел од нив утринава се упатија на избирачко место 2187. Дел од жителите на населбата се веќе иселени, а оние што се тука не се многу заинтѕересирани за гласање.

   

На само еден километар од Дуротовец на надморска височина од 260 метри се наоѓа селото Чалошево. Но за разлика од нивните соседи, овде се гласаше во подрачно основно училиште. Со географски карти, табли и по некоја топка, изборниот материјал поготвен, а избирачкиот одбор на своето место да ги дочека граѓаните кои ќе се одлучат да излезат и да гласаат. Раздвиженоста поголема, граѓаните со свои очекувања. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 209 жители. Чалошево е сместено на 5 км северно од Велес и на 1 километар од патот Скопје-Велес.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING