Почетна Убавина и здравје Софија Вергара денес полни 52, а изгледа како да има 22 години! Појадува секогаш исто, а вака изгледа деталниот план за нејзината исхрана!

Софија Вергара денес полни 52, а изгледа како да има 22 години! Појадува секогаш исто, а вака изгледа деталниот план за нејзината исхрана!

од nenad
1 минути читај за

Колумбиската актерка Софија Вергара денеска го слави својот 52 роденден, иако овој факт за многумина е неприфатлив бидејќи со децении изгледа идентично.

Главната ѕвезда на популарната серија „Модерно семејство“ е позната по тоа што никогаш не се појавува во јавност, па дури ни приватно, без да биде целосно дотерана. Таа дури во една прилика изјавила дека секојдневно ја мие косата и никогаш не излегува од дома без барем малку шминка на лицето.

Освен што е дотерана и секогаш „скоцкана“, Софија Вергара е позната и по својата неверојатна фигура, а иако тврди дека е подготвена да проба сè кога станува збор за негата на убавината, таа не е толку екстремна во својата диета, и во принцип не е љубител на строги диети.

ОВА Е МЕНИТО НА СОФИЈА

Поврзани објави

Актерката еднаш истакна дека умереноста во се е клучот за добриот изглед, витките линии и негуваната кожа. Дека умерено јаде, но и умерено вежба и дека секоја крајност може да доведе до некој крај.

Кога станува збор за појадокот, Софија со години го јаде истото. Станува збор за мусли што содржи грчки јогурт, овес, чиа семе, ореви и боровинки.

Софија Вергара се држи настрана од повеќето јаглени хидрати, а се труди калориите што ги внесува да бидат навистина корисни, односно храната да носи со себе хранливи материи. Сепак, таа обожава слатки, па не може секогаш да одолее на нездравата храна.

Што се однесува до ручекот, актерката обично јаде посни протеини, како риба и свежа салата, а за вечера суши, кафеав ориз, зеленчук на пареа и месо со малку или без маснотии.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING