Почетна Убавина и здравје Состојбата сè уште многу критична – Убавина и здравје

Состојбата сè уште многу критична – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Најдобрите лекари во Словенија се борат за животот на Бора.

Бора Ѓорѓевиќ веќе неколку дена е хоспитализиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Се наоѓа во Клиничкиот болнички центар во Љубљана.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, неговата состојба се уште е многу сериозна и неговиот живот е загрозен, а тим од врвни експерти прави се музичарот да излезе како победник од оваа животна битка.

Инаку, болницата во која се лекува Бора Чорба е една од најдобрите во Словенија, а позната е и по тоа што таму своевремено се лекувал доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Фротменот на Рибља чорба секојдневно го посетува сопругата Дубравка Милаковиќ, менаџерот Бане Обрадовиќ и пријателите, кои лекарите секојдневно ги информираат за здравствената состојба на болниот музичар.

Да потсетиме, менаџерот на пејачот, Бане, вчера потврди дека Бора бил интубиран.


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING