Најзгодниот маж за 2024 година е Џон Красински
Според познатиот магазин „Пипл“, најзгодниот маж за оваа година е режисерот, актерот и продуцентот Џон Красински.
Џон Красински изјавил за споменатиот магазин дека не знае како се чувствува во врска со оваа одлука:
„Моментално замрачување. Освен дека можеби некој ме лаже. Јас не се будам наутро со мислата дали ова ќе биде денот кога ќе ме прогласат за најзгодниот маж на светот. Но ова е денот кога вие одлучивте да ме прогласите. Навистина ме расположивте“, изненадено зборувал режисерот Џон Красински.
Неговата сопруга, оскаровката Емили Блант, истакнала дека размислува да ја излепи куќата со примероци од магазинот и дека тука нема ништо чудно.
Џон живее во Бруклин, Њујорк, со сопругата со која е во врска 14 години и со која има две ќерки Хејзел (10) и Вајолет (8).
Красински открил дека Емили била многу возбудена кога ги слушнала големите вести:
„Многу беше среќна кога ѝ го соопштив тоа“.
Познат како Џим Халпер од култната серија „Канцеларија“, во која глумеше девет години, патот на Џон бил тежок, но успеал да се истакне како еден од омилените холивудски режисери. Сега планира да ја придобие и помладата публика со филмот If.
Красински во последно време постојано истакнува колку го цени животот што го изградил заедно со Емили.
Поврзани објави
„Тоа е убавината кога сте во брак со некого, постојано учите, се менувате и се развивате“, открил тој.
„И толку сум среќен што поминав низ сето тоа со неа.“
Џон е уште еден доказ дека зад секој успешен маж, стои некоја жена. Поддршката што му ја дава е неизмерна, а тоа секогаш се гледа кога се заедно.
Јавноста е поделена околу изборот на Красински за најзгоден маж. Луѓето на социјалните мрежи коментирале:
„Џон Красински најзгодниот маж на светот? Хммм не сум сигурна“, гласел еден коментар.
„Џон Красински најзгодниот маж на светот? Мора да ми фали нешто.“
„Толку сум разочарана што не ми е ни смешно. Останав будна до полноќ поради оваа глупост.“
Другите коментари биле позитивни.
„Па, не сум лута поради ова, да бидам искрена.“
„Навивам за него уште од ‘Канцеларија’“
Коментарите се нижеле, а еден корисник на Икс додал:
„Целосно можам да се согласам со овој избор“.
„Не можам да го поднесам тоа што Интернетот е злобен кон Џон Красински, ова е толку тажно, мислам дека е најзгоден, да го оставиме на мира.“
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @johnkrasinski