Почетна Убавина и здравје Совршени се за забави, родендени и секакви прослави (РЕЦЕПТ) – Убавина и здравје

Совршени се за забави, родендени и секакви прослави (РЕЦЕПТ) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Сите сакаат чоколадни колачи, а ова е еден од оние што едноставно се матат и се печат. Десерт толку лесен за приготвување и многу вкусен.

Овие какао-коцки се вистински хит на сите прослави, бидејќи се чоколадни, сочни и неодоливи. Брзо и лесно се прават, па затоа ова е идеален десерт за сите љубители на чоколадо. Коцките со какао се лесни за правење, а вкусот им е неодолив.

Состојки:

250 г путер
200 г шеќер
3 јајца
200 г брашно
50 гр какао во прав
1 прашок за печиво
200 мл млеко
100 г чоколадо за готвење
1 ванилин шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180°C.


Поврзани објави

Растопете го путерот и додајте шеќер, па матете додека смесата стане пенеста. Додајте ги јајцата едно по едно и убаво изматете. Измешајте брашно, какао во прав и прашок за печиво, па додајте ги во смесата со путер, наизменично со млекото.

На крајот додајте ги растопеното чоколадо и ванилиниот шеќер, па сè убаво измешајте. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење.

Печете околу 25-30 минути, додека чепкалката за заби излезе сува. Оставете да се излади, исечете на коцки и послужете.

Добар апетит!

Фото: Pexels / Marta Dzedyshko

Фото: Илустрација (Pexels / Marta Dzedyshko)


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING