Table of Contents
Ви откриваме кои се трите најдобри фризури за жени над 50 години
Не постои лош момент за промена на фризурата и испробување некој нов стил што ќе ви ја зголеми самодовербата, особено ако имате над 50 години.
Без разлика дали претпочитате долга, кратка или средна должина на косата, одредени стилови може да направат вашето лице да изгледа посвежо и младолико, и тоа така што ќе ги нагласи вашите најубави црти, а ќе ги скрие евентуалните недостатоци.
Ви откриваме кои три фризури ќе бидат апсолутен хит за сезоната есен/зима 2024.
1. Боб од 1990-тите
Боб-фризурата од 1990-тите може да биде со каква било должина. Обично се носи опуштен, со лесни бранови или со ефект на благо фенирање. Овој стил може да се приспособи на различни типови коса и форми на лице.
Поврзани објави
2. „Old money“ прамени (претопени со седа коса)
И оваа фризура може да биде со која било должина, а колку е пократка толку полесно се одржува. Доброто кај оваа фризура е што ги покрива седите влакна и ги брише годините од лицето.
3. „Биркин“ фризура
Некои од најдобрите верзии на оваа фризура влечат корени од 1960-тите и 1970-тите кога Џејн Биркин започнала да владее со естетскиот свет. Препознатливите кркми на долга коса – тоа е стилот што треба да го испробате есенва ако сакате да изгледате модерно и отмено.
ФОТО: Allef Vinicius / Unsplash, Инстаграм