Почетна Економија Совет за национална безбедност на Украина: Регрутирани 1,5 милиони граѓани, треба да се мобилизираат уште 160.000

Совет за национална безбедност на Украина: Регрутирани 1,5 милиони граѓани, треба да се мобилизираат уште 160.000

од nenad
2 минути читај за

29/10/2024
ВЕСТИ, СВЕТ


Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олександр Литвиненко денеска соопшти дека 1,5 милиони Украинци се регрутирани во одбранбените сили на Украина и дека треба да се мобилизираат уште 160,000 луѓе.

„По тоа армијата треба да биде комплетирана до 85 отсто“, изјави Литвиненко на денешната седница на Врховната Рада.

Кабинетот на министри на 26 декември 2023 година до Советот поднесе предлог-закон „За унпаредување на одредени прашања од мобилизацијата, воената евиденција и служење воен рок“. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING