Почетна Технологија Советот на јавните обвинители до Антикорупциска: Вашата одлука е неподобна!

Советот на јавните обвинители до Антикорупциска: Вашата одлука е неподобна!

од nenad
1 минути читај за

Советот на јавните обвинители ја оцени одлуката на Антикорупциската комисија за отповикување на нивните членовите во управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради потенцијален судир на интереси како неподобна и противречна.
– Советот ја разгледа одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата од 8 ноември 2024 година. Членовите на Советот ја оценија одлуката како неподобна за извршување и противречна, истакнувајќи дека е донесена согласно член 40 став 3 од Деловникот за работа на ДКСК, стои во соопштението од СЈОРМ.

Одлуката на ДКСК запира постапка за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, но, истовремено, утврдува дека Советот постапил спротивно на законските одредби.Советот препорача преземање мерки за надминување на констатираните состојби.Во новиот состав на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители членови од СЈОРМ ќе бидат Душица Димитриеска и Башким Бесими.На осмата седница денеска Советот го разгледа и усвои Извештајот за работа на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за 2023 година.
– Извештајот беше презентиран од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, по што следеше дискусија и позитивна оценка од членовите на Советот, велат од СЈОРМ.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING