Покрај физичкиот изглед, мажите во вас сакаат да препознаат личност што ќе знае да ги слуша, што знае да направи да се почувствуваат посебно и да покаже малку иницијатива.
Дека е едноставно да се освои маж, ни` открива Метју Хасеј автор на прирачникот „Уловете маж“. Тој дава необични совети и едноставни трикови на кои „паѓаат мажите“, а на кои ретко која жена би се сетила.
Еве што е најбитно да направите на првиот состанок, за тој да продолжи да мисли на вас:
Во еден момент од состанокот, ставете го мобилниот во чанта и повеќе не го вадете
Апстиненција од СМС пораки и постојано проверување дали некој ви се јавил, ќе ви донесе многу поени кај потенцијалниот партнер. Така ќе му покажете дека го слушате што ви зборува и дека единствено тој ви е интересен.