Шер Максимен (32), мајка на тригодишна ќерка и Муси Имнету (41), готвач во ресторанот Гордон Рамзи, им подлегнаа на повредите по два одвоени напади поврзани со карневалот во лондонската населба Нотинг Хил, соопшти денеска лондонската полиција. Шер се шетала со својата ќерка, другите членови на семејството и пријателите на 27 август во Нотинг Хил кога среде бел ден била прободена со нож во препоните додека се обидувала да ги раздвои учесниците во улична тепачка, пишува лондонски Гардијан. Готвачот Муси Имнету е пронајден во вечерните часови денеска во онесвестена состојба со повреда на главата пред ресторан.
Лондонската полиција претходно оваа недела соопшти дека вкупно осум лица биле избодени, а повеќе од 230 уапсени за време на годишниот карневал на Карибите во лондонскиот Нотинг Хил. Како што е наведено, полицијата ги искористила сите свои овластувања за да спречи натамошно насилство и пронашла и запленила три огнени оружја – две на карневалот и едно при запирање на возило, претходно објави Скај њуз. Меѓу уапсените има 37 осум лица кои ги нападнале работниците од итната помош, осум кои извршиле сексуални престапи, девет за поседување дрога од класа А и 40 за поседување дрога од класа Б.
Годинава карневалот го обезбедуваа околу 7.000 полицајци, а 18 од нив беа нападнати за време на карневалот. Карневалот во Нотинг Хил се одржува од 60-тите, а главната идеја на карневалот е обединување на мултинационалната заедница и ставање крај на расните конфликти.