Почетна Убавина и здравје Слушнете ја нивната нова песна! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Слушнете ја нивната нова песна! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Сѐ уште не стивнуваат реакциите за дует-песната „Животе Брате” на ДНК, која ја промовираа пред само неколку недели, а тие вчера на сите музички и социјални платформи објавија уште една нова песна. Дека Панчо и Андреј работат со полна пареа е токму новата соработка. Овојпат со нивната колешка, младата Теа Трајковска.

Песната носи наслов „Амајлија”, чија музика е заедничка на Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот е дело на Лазе, а текстот пак го напиша Панчо. Како и за останатите нивни песни, така и за оваа, тие снимија одличен видеоспот и тоа во еден од најубавите хотели во Златибор во соседна Србија, „21st Century Златибор”. Станува збор за инзвореден хотел кој за многу кратко време стана еден од омилените за престојување на ова популарно туристичко место.

„Точно е, снимањето на спотот се одвиваше во Златибор, поточно во ексклузивниот хотел кои го изградија нашите пријатели од „Адора” и да бидам искрен полесен спот досега немаме снимено. Тоа е поради одличниот пречек од персоналот на хотелот, бидејќи се што побаравме од нив тие ни го овозможија” – накусо изјавија момците од ДНК.


Поврзани објави

Покрај кадрите во хотелот, дел од спотот е снимен и низ убавините на ова познато туристичко место, како и ранчот „Зова”, кој е отворен за сите посетители. Инаку како режисер на овој видеоспот се потпишува режисерот Даниел Јовески, со кого тие соработуваат веќе долги години.

Погледнете го спотот за „Амајлија”! на ДНК и Теа Трајковска:

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING