Почетна Убавина и здравје Славиме роденден! – Убавина и здравје

Славиме роденден! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Се радуваме на уште една наша годишнина и благодарни сме што ја дочекуваме заедно со вас.

Шеснаесет години можеби и не се некоја огромна бројка во споредба со нечии други јубилеи, но доволна е. Доволна за да се стекне вредно искуство растејќи заедно со нашиот магазин, доволна за да се раскажат многу приказни, доволна да се создаде препознатлив бренд, доволна да се вгнездиме во вашето секојдневие – за што сме најблагодарни.

Нашата филозофија за опстанок во овие динамични времиња е константно адаптирање на моментот кој го живееме, а тоа нам воопшто не ни е тешко бидејќи сме магазин што обработува теми од областа на животниот стил, кој постојано се менува, а ние имаме обврска први да информираме за новите трендови.

Читањето на електронските екрани е сегашноста, затоа веќе 11 години креираме содржина нашиот портал ubavinaizdravje.mk, кој е во моментов во фаза на надградување, а паралелно креираме проекти на социјалните мрежи со што ја заокружуваме нашата комплетна платформа преку која се дружиме со вас.

Сепак, драго ни е што во моментот кој го живееме не е исклучена посебноста на искуството кога држиме списание со оригинални приказни и големи фотографии во рацете или се восхитуваме на уметноста во дизајнот на рекламите за некои од нашите омилени производи.

Родендените и годишнините сведочат за тоа дека сме доживеале уште една година и тоа е успех кој вреди да се слави. Затоа кога го славиме роденденот на Убавина&здравје, го славиме сопствениот живот, на секој еден колега што учествува во креирањето на магазинот, но и вашиот, на секој еден читател, пријател на магазинот, соработник што со години ја гради оваа наша приказна заедно со нас.

Да живееме сите заедно уште долги години!

Ве сакаме,

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во мајскиот број на „Убавина и здравје“ ќе читате:

У&З тренд

11 Џинс од глава до петици

12 Скандинавски маникир

14 Замена за ботокс?

16 Протресете и голтнете!

18 Толкување на соништата

20 Боја што подмладува

22 Шармантните реси

24 Животот и музиката на Ејми Вајнхаус

У&З жени

28 Ана Стојанова: „Успешна е жената што живее како што сака“

34 Андријана Јаневска: „Благодарна сум што живеам спокојно“

38 Дивата се врати!

42 Драган Стојчевски: „Љубезните жени се најубави“


Поврзани објави

44 #РамкаЗаПомош: Ајде да изградиме подобро општество

Убавина и стил

54 Шминката од пистите: Помалку е повеќе

58 Тикток-трендови

60 Менопауза: Грижа за себе на вистинскиот начин

62 Откријте ја моќта на рунолист!

64 Освестете ги потребите на својата коса

68 Што (не) сакам кај себе: Јована Аврамовска

72 Пет доминантни пролетни трендови

Вити и здрави

79 Одбрана за истоштените, пренатрупаните и презафатените

84 Барање храна за вечера

86 Направете свој план на автофагија

90 Како да изгледате фит до лето?

У&З живот

91 Авантура под отворено небо со Ана и Мане

96 Филип Чаловски: Од визија до уметност во чинијата

100 Поткастите во подем

106 Сергеј Димовски ни одговара на прашањето што го прави среќен

Колумни

40 Жана Базби: Среќен роденден

50 Марија Лукаревска: Долче вита

НА НАСЛОВНАТА: Ана Стојанова

ФОТО: АНТОНИО СТАНКОВ

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING