Почетна Македонија Скандал во ЈОРМ: Дрски и безобразни вратари не дозволуваат влез на странки во обвинителство

Скандал во ЈОРМ: Дрски и безобразни вратари не дозволуваат влез на странки во обвинителство

од nenad
3 минути читај за

Table of Contents

Млада и дрска полицајка (вратарка) не дозволува влез на странки во Јавното обвинителство на Македонија и буквално ги брка, ако немале претходно поднесено писмено барање за средба кое ќе биде ОДОБРЕНО, раскажуваат граѓани за Сведок.мк кои имале непријатно искуство со вратарката во ЈОРМ, која треба да ги најавува странките и да ги упатува каде треба да отидат.

Сосем случајно разговарав со обвинител во зградата на ЈОРМ и бев повикан на кафе. Кога отиддов во зградата на ЈОРМ, вратарите (кои носеа баџ како да се полициски) а младата и вулгарна девојка која носеше плава кошула без дополнителни ознаки на полиција или било каква дополнителна ознака ми побараа дали имам поднесено писмено барање до обвинителот за средба и дали истото ми е одобрено?!

   

Кога прашав од кога е таа процедура, и кој одобрува писмено, почнаа кавгите – раскажува граѓанинот.

Јавете се кај обвинителот и најавете ме им велам, давајќи им лична карта.

-Кој си ти да ми наредуваш на кого да му се јавам јас – со дерење почна да разговара вратарката со плава кошула, која седеше на стол и си гледаше слики на мобилниот телефон!

На подадената рака со личната карта во неа, дрско извика: тргни ја раката од шалтерот не СИ ВО ДИСКО!

Јави му се ти на обвинителот ако можеш- ми довикна, вели граѓанинот. Го завртев телефонот, му кажувам на обвинителот дека требало да побарам писмено да пиеме кафе, па тоа да биде одобреено и да бидам најавен претходно кај вратарите, тој секако прв пат слуша, но ја слуша и нашата „комуникација“ односно дерењето на вратарката во ЈОРМ.

-Не знам, вели нашиот соговорник, му велам на обвинителот по 25 години работа ова прв пат ми се случува, вчера применава девојка ми кажува за правилава!

-Уште ме вреѓаш, не сум јас примена од вчера! Излегувај надвор, излегувајјјјј почна да вика вратарката со плава кошула, во момент додека влегуваше една јавна обвинителка и уште еден обвинител во зградата – вели нашиот соговорник, кој излегол од зградата на ЈОРМ со која сега раководи Јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Обвинителот Коцевски, мора да им објасни на вратарите на ЈОРМ, дека секој граѓанин, може да дојде во зградата на ЈОРМ, во кој се сместени Основното, Вишото и Јавното обвинителство и на пример да пријави кривично дело, да достави докази или било кој процесен акт во постапка во која може да е оштетен, заинтересирано лице и за тоа ниту треба писмено барање, ниту одобрување.

На вратарите во ЈОРМ мора да им кажат дека со покани се викаат сведоци/оштетени, кои исто така може да дојдат и во дополнителен термин, без писмено барање и да дополнат исказ, да донесат нов доказ ако пронашле и слично.

Ваква комуникација е недозволива со било која странка, независно од нејзиниот статус пред ОЈО, или нејзината позиција во предмет или приватно.

На ваков начин, со простотилак, незнаење и дрскост се урива угледот на цела институција.

Ако Љупчо Коцевски не си ги среди работите од врата и дозволи вратарите да му ја диктираат работата, Господ нека му е на помош и него и на правдата кои некои ја бараат во таа зграда.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING