Почетна Убавина и здравје Сите се прашуваат што се случува со фаталната дама! – Убавина и здравје

Сите се прашуваат што се случува со фаталната дама! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Поради лошата финансиска ситуација, латино-дивата морала да лета со пониска класа

Американската актерка и пејачка Џенифер Лопез продолжува со своето патување низ Европа. Бен Афлек го оставила дома, па со пријателките ги истражува убавините на нашиот континент.

Но сите ги изненадила кога на Париската модна недела пристигнала со обичен, комерцијален лет. Иако вообичаено патува со приватен авион, овој пат патувала заедно со „обичните смртници“ и, очекувано, предизвикала вистински хаос.

Поврзани објави

Инаку, Џенифер периодов е во мошне неповолна ситуација што се однесува до нејзината кариера. Имено, таа вложила 20 милиони долари во својот нов проект This Is Me Now, но тој доживеал неверојатен неуспех.

Многу се пишува и за нејзиниот однос со сопругот Бен Афлек. Иако последниве месеци ги игнорираат шпекулациите дека се разведуваат, факт е дека тој се иселил од заедничкиот дом и дека односите им се нарушени.

Џенифер Лопез, инаку, е позната по ригорозниот третман на луѓето со кои работи, забранувајќи им да гледаат во неа, а покрај себе секогаш има ангажирано повеќе телохранители од која било друга ѕвезда.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING