Пејачот Милан Станковиќ се прослави во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ и важеше за еден од најпопуларните во соседна Србија, а ја претставуваше и Србија на Евровизија со песната „Ово је Балкан“.
Меѓутоа, во еден момент одлучил дека повеќе не сака да биде присутен во медиумите, па се посвети на посетување манастири и на духовниот живот, поради што често се шпекулирало дека планира да се замонаши.
Тој сега по долго време се огласи на Инстаграм и објави ново видео од својата поранешна девојка Рада Манојловиќ со која и по раскинувањето остана во одлични односи.
Поврзани објави
Милан со видеото постави и круна врз главата на Рада, со што стави до знаење дека таа за него е кралица.
Ова е видеото кое толку многу му се допадна на Станковиќ