Почетна Македонија Силјановска-Давкова: Бугарија одеше со стратегија „Тројански коњ“

Силјановска-Давкова: Бугарија одеше со стратегија „Тројански коњ“

од nenad
1 минути читај за

-Тој член 3 каде јасно стои извештаи дека се составен дел на Преговарачката рамка. Тие се врзани за членот 13 од Договорот за пријателство и добрососедство и таму се може да се најде на дневен ред. Понaтаму ме загрижува што беше прифатена

   

Преговарачката рамка без широка и темелна консултација бидејќи тоа е првиот темел на минатата програма на претседателот. Она што уште повеќе ме загрижува како тоа луѓе тоа од наука не знаат за методите на лобирање. Тоа што го правеше Грција, го прави и Бугарија, а тоа е методот на „Тројански коњ“ – одите прво со најрадикален предлог, а потоа повторно радикалниот предлог, повторно ви се чини конструктивен, рече Силјановска Давкова на тв дуелот со Пендаровски во емисијата „Само вистина“.Претседателската кандидатка потоа му се обрати директно на противкандидатот.

– И ова е исто навредливо кога вели нема да го чуеме од госпоѓата и милион долари… Добро ни вие не сте Роберт Редфорд. Да ви кажам дека можеше да има подобра европската Преговарачка рамка бидејќи тоа што важи за сите држави, треба да важи и за нас. Дека работата се усложнува, во БГНЕС се пишува дека „Гоце Делчев не може да биде симбол на поделеност и омраза меѓу крвни браќа, а се спомнуваа македонски Бугари“ – тоа е се уште живо. Мораме еднаш во дипломатијата да ги препознаваме нашите интереси. Мораме да се однесуваме поинаку, истакна Силјановска Давкова за претходната реплика на Пендаровски. (Локално)

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING