Почетна Технологија Силна соларна бура ја погоди Земјата, може да предизвика нарушување на комуникациите и аурора бореалис

Силна соларна бура ја погоди Земјата, може да предизвика нарушување на комуникациите и аурора бореалис

од nenad
2 минути читај за




Невообичаено силната соларна бура што ја погоди Земјата би можела да предизвика северна светлина (аурора бореалис) во САД и во други места низ светот овој викенд и да ги наруши електричните и комуникациските мрежи, објави американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА).

   

НОАА издаде предупредување за геомагнетна бура кога ефектите од соларната експлозија стигнаа до Земјата во петокот попладне, неколку часа порано од очекуваното. Последиците ќе се почувствуваат на Земјата за време на викендот, а можеби и во текот на следната недела. Тоа е првата геомагнетна бура во изминатите 20 години.

НОАА ги предупреди операторите на електрани и вселенски летала кои орбитираат да преземат мерки на претпазливост, како и Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА). Првите ефекти од неколкуте коронални експлозии – исфрлање плазма и магнетни полиња од Сонцето, пристигнаа во раните попладневни часови во петокот по источно американско време, соопшти НОАА.

Во текот на викендот се очекува да има посилни геомагнетни бури. Тие се случуваат со приближувањето на Сонцето до врвот на 11-годишниот циклус што носи зголемена активност. Бурата може да произведе северна светлина, позната и како аурорар бореалис, која изгледа како зеленикаво-црвенкави блесоци. Најинтензивната соларна бура досега се случила во 1859 година, и предизвикала аурора бореалис до централна Америка. Стручњаците од НОАА велат дека сега тоа не се очекува, но можни се слични ефекти како во 1859 година.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING