Почетна Убавина и здравје Се топи в уста, а се приготвува најлесно на светот! – Убавина и здравје

Се топи в уста, а се приготвува најлесно на светот! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Добро запомнете го овој рецепт за највкусен летен ручек без месо

Ручекот од тиквички и компири е јадењето што ќе го обожавате ова лето. Оди одлично со риба и месо, но можете да го јадете и како самостоен оброк, бидејќи вкусот е совршен самиот по себе!

Состојки:
  • 500 г компири
  • 300 г тиквички
  • 2 дл кисела павлака
  • 1 кромид или три млади кромида
  • 50 г рендан кашкавал
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица брашно
  • 1 чешне лук
  • сол
  • свежо мелен бибер
  • мускатно оревче
  • мајчина душица

Поврзани објави

Приготвување:

Излупете ги компирите и исечкајте ги на што потенки крукчиња. Добро измијте ги тиквичките и неизлупени исечкајте на крукчиња.

Подмачкајте огноотпорен сад со путер и во него наредете ги компирите и тиквичките наизменично. Потоа, исечкајте кромид на кругови и наредете ги одозгора. Сето тоа посипете го со мајчина душица.

Разматете брашно во млеко, додајте павлака, ситно сечкан лук, сол, бибер и рендано мускатно оревче. Прелејте ги компирите и тиквичките со добиената смеса.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING