Почетна Балкан Се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом- може да спречи и рак на бели дробови, мочен меур и бубрези

Се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом- може да спречи и рак на бели дробови, мочен меур и бубрези

од nenad
1 минути читај за
Се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом- може да спречи и рак на бели дробови, мочен меур и бубрези

Првата персонализирана mRNK вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите, се тестира врз пациенти во Велика Британија.

Таа вакцина функционира така што го поттикнува телото да ги бара и уништува клетките на ракот за да спречи враќање на смртоносната болест, а може да се прилагоди на секој човек за само неколку недели, пишува „Индипендент“.

Според весникот, втората фаза од испитувањето на вакцината, во чие производство учествувале фармацевтските гиганти „Модерна“ и „МСД“, покажала значително намалување на ризикот од повторување на ракот кај пациентите со меланом.

Сега е покрената финалната фаза на трите испитувања, кои ги предводи Универзитетската колеџ болница во Лондон (UCLH).

Д-р Хедер Шо, координатор на испитувањето, рече дека вакцината има потенцијал да излечи луѓе со меланом и дека се тестира за други видови на рак.

Новата вакцина има за цел да го поттикне имунолошкиот систем да се бори со специфичен тип на рак.

Извор : Kurir.mk

Се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом- може да спречи и рак на бели дробови, мочен меур и бубрези

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING