Почетна Македонија Се подготвува ли местенка на ЕУРО 2024 – на две селекции им одговара 0:0 за 1/8 финале

Се подготвува ли местенка на ЕУРО 2024 – на две селекции им одговара 0:0 за 1/8 финале

од nenad
1 минути читај за




Натпреварувачкиот систем на Европското првенство би можел да диктира натпревар кој никој нема да сака да го гледа. Пред третото коло од групата Е на ЕУРО 2024 ситуацијата е таква што сите четири селекции, односно Романија, Белгија, Словачка и Украина имаат по три бода. Ако се знае дека четири бода ќе бидат доволни за пласман во осминафиналето, барем како една од четирите најдобри третопласирани селекции, јасно е што им одговара на Романија и на Словачка.

   

0:0 на таа средба на овие репрезентации им гарантира пласман во осминафиналето. Во тој случај Романија ќе биде прва или втора (во зависност од резултатот на натпреварот помеѓу Белгија и Украина), додека Словачка ќе биде трета. Споменатите средби се закажани за в среда во 18:00 часот.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING