Почетна Економија Се повеќе мечки на Шара во контакт со луѓето, како до поголема безбедност?

Се повеќе мечки на Шара во контакт со луѓето, како до поголема безбедност?

од nenad
4 минути читај за

Изминативе неколку години се повеќе мечки се симнуваат до но и под шарпланинските села. Со нивната потрага по храна особено низ дивите депонии се регистрираат се повеќе средби на мештаните со овие диви животни, а се почесто и планинарите јавуваат за блиски контакти со мечките. Мечките веќе станаа постојани жители на шарпланинските села. На видеото подолу се гледа како мечка со мало мече се обидува да влезе во еден дом во шарпланинското село Бродец. Жителотo на селото во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

   

Мечките се постојано во близина на селата. „Слободен печат“ изминатиов период успеа да обезбеди снимки од мечки како одат низ нивите, во атарите на селата, се шетаат со мечињата како да се дел од мештаните на ова село.
Од Националниот парк Шар Планина велат дека планинарењето е одлична можност за релаксација, уживање и поврзување со природата. Сепак, треба да ја имаме на ум моќта, а и непредвидливоста на дивите животни, а особено на мечките. Впрочем, на влегувањето на нивната територија и во нивниот дом секогаш треба да му преtтоди подготовка за можна интеракција со мечките, дополнуваат од установата.

Оттаму со неколку совети како да се однесуваме во планината и подготвувме при планинарскиte тури.
„Пред секоја наредна тура, потсетуваме дека мечките се територијални сештојади кои ја бранат својата територија од другите мечки, па и од луѓето. Се информираме за можни скорешни интеракции помеѓу мечките и човекот и проверуваме дали има некои регулативи или препораки од надлежните институции. Со нас, неопходно е да носиме солзавец на лесно достапно место, предмети и уреди кои прават врева, како и облека која има неутрални бои и избегнуваме носење на силни парфеми. Додека се движиме во планината се движиме во групи по постоечки патеки со добра видливост и се грижиме дека сме доволно гласни за да не слушнат животните и да не ги изненадиме, водејќи грижа и да не ги вознемириме. Секогаш се трудиме да забележиме дали има скорешни траги или измет од мечките, за да по потреба ја адаптираме рутата, велат од НП шар Планина.

Но околностите допринесуваат да имаме и средба со мечки. Како во тој случај да се заштитиме од НП Шар Планина со неколку совети и препораки.
„Доколку се случи да се сретнеме со мечка, се трудиме да останеме смирени и да процениме дали мечката се однесува одбрамбено или не. Доколку се движи вознемирено од страна на страна, удира со вилиците, дува или ‘ржи значи дека се чувствува загрозено. Доколку мечката покажува знаци на одбрамбено однесување но не се спрема да нападне, остануваме на нашето место, мирно и зборуваме на мечката и полека се одалечуваме без да и свртиме грб на мечката. Доколку мечката не покажува одбрамбено однесување пополека се оддалечуваме додека ја гледаме. Не правиме нагли движења.Доколку мечката не нападне, легнуваме со стомакот кон почвата, за да и биде потешко да не прврти и глумиме дека сме мртви. Како крајна опција целиме со солзавецот кон лицето на мечката и прскаме со кратки рафали.Важно е по нашата интеракција со мечката да го пријавиме случајот на надлежните институции, да споделиме детални информации и да го споделуваме искуството со намера за рефлексија и учење“, велат од НП Шар Планина.

Но мечките знаат и да настрадаат во поурбаните места на Шара. Минатата година се реализираше успешна акција за спасување на мечок на вработените од НП Шар Планина и Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје.Во бачило на жител од шарпланинското село Бозовце, вработените ослободија мечок кој беше заглавен во сајла околу 10 часа. Мечокот беше изморен и исплашен, а по 3 часовна акција успешно ослободен. Кај тетовското село Доброште на регионалниот пат Тетово-Јажинце минатата година пак во сообраќајна несреќа беше усмртена мечка.

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING