Почетна Македонија Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

од nenad
2 минути читај за




Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се огласи во јавноста по три дена изминати од парламентарните и претседателските избори и дебаклот што го доживеа неговиот СДСМ. Тој пред членството и јавноста порача дека ќе продолжи да дејствува како пратеник во Собранието и , како што напиша, да се бори повторно да не се врати „режимот“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која доби 58 пратенички мандати.

„Благодарам од срце до сите граѓани за поддршката, за време на изборите, но и во изминативе 7 години. Направивме многу како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, за што искрено се заблагодарувам до секој еден член и симпатизер, за вложеноста и искрениот пристап. Како и секогаш јас се обврзувам на отвореност и достапност за секој еден другар, сопартиец, сограѓанин, заедно сме во оваа борба!

Ја почитуваме волјата на народот како израз на демократските процеси. Нашата ангажираност за унапредување на општеството и обезбедување на посакуваните промени останува непоколеблива, продолжуваме да работиме кон тие цели. Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим. Членството во НАТО и позиционирањето на патот кон ЕУ се највисоките дострели на нашата држава кои овозможуваат подобар живот за сите. СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!“, напиша Спасовски.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING