Ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ денеска слави роденден, но и започнува прво одделение во основно училиште…
Тара, ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ, денеска на 2 септември го слави седмиот роденден и тргнува во прво одделение. По тој повод, мама Јелена ги сподели своите емоции на својот Инстаграм профил, истакнувајќи дека и Тара и нејзиниот брат Стефан брзо пораснале.
Боже, колку брзо растат“ – напиша Јелена со фотографија на која позира со Стефан и Тара на прошетка.
Инаку, Ѓоковиќ последните денови од август ги помина активно подготвувајќи се за стартот на учебната година. Стефан тргнува во четврто одделение, додека Тара годинава првпат ќе седне во училишната клупа.
Поврзани објави
Да потсетиме, Стефан Ѓоковиќ е запишан во приватна установа во Србија, која се издвојува по специфичниот пристап кон работата со деца. Јелена како посветена мајка внимателно избрала училиште за својот син, а истото го направила и за Тара.
Избраа училиште во кое наставата не трае 45 минути, родителите активно се вклучени во образованието, а децата се охрабруваат да бидат креативни“ – вели добро упатен извор.
Фото: Инстаграм / принтскрин
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: