Почетна Убавина и здравје „Се запоставив како пејач и како личност“ – Убавина и здравје

„Се запоставив како пејач и како личност“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Пред да се смири со сопругата Катарина, пејачот Дарко Лазиќ водеше многу бурен начин на живот, а скандалите го следеа во текот на неговата кариера. Дарко сега во една емисија се наврати на своето минато и зборуваше за проблемите кои ги имал.

Дарко Лазиќ во 2018 година предизвика сообраќајна несреќа поради возење во пијана состојба, по што за малку ќе го загубe[e животот, а некои медиуми објавија и дека конзумирал наркотици.

Сепак, тој никогаш не бил потресен од пишувањата на медиумите.

Секогаш велам, што и да кажаа за мене, вистината е многу полоша. Воопшто не ме засега“ – изјави Лазиќ во емисијата „Без филтер со Сара Миа“.

Алкохолот бил неговиот најголем порок, но, како што вели, и тоа се променило. Откри дека многу работи за него сега се минато:

Единствениот проблем ми беше што пиев многу. Се запоставив како пејач и како личност. Сè беше поважно од мене, а јас заборавив дека ако не сум добро, никој нема да биде околу мене“.


Поврзани објави

Тој проговори и за сопругата Катарина со која неодамна доби ќерка.

Кога се префрлив на таа добра страна, првата личност што ми падна на памет со која можев да живеам до крајот на животот беше таа. Научив многу и сè уште работам на тоа. Особено откако е родена Срната, научив дека никогаш не е доцна за човек да ги исправи своите грешки и да се покае. Кога се бориш со себеси, се бориш со сите“ – рече Дарко.

Instagram printscreen/darkolazicofficial

Фото: printskrin Youtube/RTV Pink Official
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING