22
Од Основното јавно обвинителство Скопје попладнево информираа дека ги следат сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на нафта за потребите на ЈСП. Веќе втор ден има гужви на автобуските станици, немање автобуси и нервоза е присутна и денеска во главниот град Скопје.Нафтата за автобусите не стаса ниту синоќа, ниту утрово, па Скопјани имаа потешкотии да дојдат до своите работни места, а учениците на училиштата.