Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи
„Афродита козметика“ на две читателки на септемврискиот број на „Убавина и здравје“ им подарува сет Essence of Beauty, кој содржи парфемиран гел за туширање од 150 мл и парфемирано млеко за тело од 150 мл.
Дозволете си прекрасно разгалување со мирисот на слатки и цветни есенции кои ќе придонесат за деликатно парфимирана кожа во текот на денот. Оваа рафинирана формула за нега нежно ја чисти и негува кожата, ароматизирајќи ја со прекрасен мирис, кој трае долго по туширањето.
Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.
Поврзани објави
Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.
Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта.
Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!
Текст и фото: ПР