Откако Сергеј Трифуновиќ се смири со сопругата, актерот покажа како сега се разбираат.
Сергеј Трифуновиќ се огласи од својот дом, каде сега повторно ужива во заедничкиот живот со сопругата Исидора, која неодамна ја пријави за семејно насилство. Парот, се чини, ги надмина несогласувањата и се помири, а Трифуновиќ малку од среќата покажа на Инстаграм.
На својот профил актерот сподели фотографија од станот на која откри дека изгубил облог со сопругата Исидора, поради што морал да и приготви вечера на својата избраничка.
Изгубив три облози од жена ми, во првите два подготвував вечера: Ова е првата. Њоки со говедска чорба, зготвени во вино, а останатото е тајна, напиша тој во описот на фотографијата.
Но подоцна фотографијата, која ја пренесоа медиумите од Србија, набрзо исчезна од Инстаграмот на актерот.
Поврзани објави
Да потсетиме, актерот Сергеј Трифуновиќ неодамна ја пријавил 24 години помладата сопруга Исидора Мијановиќ за семејно насилство.
Исидора е осудена според Законот за странци на парична казна за нелегален престој во Србија, за што платила паричната казна.
Исидора е осудена на парична казна од 20.000 динари, која веднаш ја платила. Не верувам дека ќе ја напуштат државата, таков им е односот, денес се добри утре не. Сепак, тие се сакаат“ – изјавил извор за локалните медиуми.
Инаку, според Законот 27 за странци, предвидена е глоба од 10.000 – 50.000 динари за непријавување на живеалиште.
Фото: Instagram printscreen/whistler_dick
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: