Почетна Технологија Сензорите за мерење на шеќер што ги набави државата наместо 14 траат три дена

Сензорите за мерење на шеќер што ги набави државата наместо 14 траат три дена

од nenad
1 минути читај за

-Па еве го сензорот што ни е од државата, значи тие треба да траат 14 дена, нас ни траат по 3 дена по 4 дена. Трансмитерот го полниме и 3 дена трае, повеќе не ни траел сензор, а треба 14, ни даваат за 14 дена, значи 12 парчиња за 6 месеци кои ние фактички ги трошиме за две недели. Приватно што си ги купуваме, тие си тераат. Има убави сензори по 50 евра и тие си тераат точно 14, вели Костадин Костадиновски.

   

Од Сојузот на дијабетичари барат од здравствените власти да нема тендери и да се промени моделот на набавка на сензори и други помагала, но и да се стават нови лекови на позитивната листа. Во скопскиот парк денеска се одржа едукативен настан за дијабетесот како едно од најчестите заболувања во земјава.Бараат набавката на сензорите но и другите помагала како на пример ленти и глукомери да се набавуваат на отворен пазар, а не на тендер.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING