58-годишната мексиканско-американска актерка, филмска режисерка и продуцентка Сeлма Хајек го прослави својот роденден со жежок танц на јахта. Видеото го сподели на социјалните мрежи и предизвика лавина комплименти и воодушевувања.
На објавената снимка, филмската ѕвезда танцува облечена во костим за капење и бела мрежеста наметка. Нејзината коса е пуштена и се вее на ветрот, а во позадината се луксузни пејзажи. Салма танцува сосема сама и се чини дека не обрнува внимание на никого.
Поврзани објави
„Ова беше мојата летна песна за 2024 година“, напиша таа на фотографијата.
Снимката најверојатно е направена додека ѕвездата се одморала на Ибица, Шпанија. Една недела претходно таа на своите претплатници им ја покажа својата секси фигура во жолт костим за капење.