Велат дека среќниот човек, создава среќа – што мислите вие?
Сократ кажал: „Велат дека секогаш е подобро таму каде што не сме моментално, а полошо е таму каде што се наоѓаме сега“.
Директорка на една маркетиншка агенција има завршено два факултета и заработува толкава плата што секој месец би можела да си купи нов стан. Таа живее на луксузна локација, вози најдобар автомобил и трипати годишно летува во најдобрите одморалишта на светот.
Меѓутоа, таа јавно признава дека е несреќна. Нема сопруг, нема деца, а оној што долго го сакала, се оженил минатата година.
„Да бев малку поглупава, ќе бев среќна. Не би размислувала за ситниците, би се омажила за првиот што ќе наиде, би родила три деца, едно по друго. Секој ден би размислувала само за тоа на кое од нив му никнале заби и кога треба да ги преслечам и нахранам“, раскажала таа.
„Така сакаш да живееш?“
„Да, како и сите други. Како оние семејства од рекламите што седат на маса додека мајката приготвува палачинки. Сакам да бидам таа мајка“, признала таа, несвесна за фактот дека луѓето од рекламата би сакале да живеат како неа.
Друга жена не можела да роди дете. Со години живеела со својата голема љубов од средно училиште. Имале пари, па по пет години неуспешни обиди, направиле вонтелесно оплодување, што се пролонгирало уште пет години.
Поврзани објави
Докторот ѝ кажал да се обиде со друг маж, бидејќи можеби таа и сопругот не биле генетски компатибилни.
Го оставила сопругот поради својата очајна желба да роди дете. Нашла друг човек, па трет и така натаму. Конечно, по повеќегодишни обиди, родила дете со деформитет.
На својата мајка ѝ се доверила дека тоа воопшто не било тоа што го сакала. Била несреќна.
Но што е среќа?
Мудриот Сократ кажал:
„Обичната логика вели: ако си несреќен, тогаш немаш среќа. Ако немаш среќа, тогаш побарај ја.
Парадоксалната логика вели: ако бараш среќа, тогаш ќе ја изгубиш. Затоа, најдобро е ништо да не правиш и да сфатиш дека среќа е тоа што го имаш.“
ФОТО: Niko Tsviliov / Unsplash