Популарната српска фолк пејачка Сека Алексиќ ќе одржи концерт во Градско, во винаријата ,,Стоби” на 14-ти септември. Настанот ќе започне во 22 часот, а истата вечер настап ќе има и диџеј Милан, пренесе Фокус.
Винаријата и во минатото беше домаќин на повеќе популарни музичари од регинот. Во годините наназад свои концерти имаат одржано Црвена Јабука, Фрајле и многу други домашни и регионални музички ѕвезди. Настаните секогаш поминуваат во одлична атмосфера, на отворено, со многу гости, добро вино и гурмански специјалитети. Инаку, винаријата пред неколку дена започна со берба на винското грозје, а виното го произведува од сопствени лозови насади