Почетна Убавина и здравје Сека Алексиќ се пофали со домашните јајца и ја покажа семејната идила, а коментарот на Јаков ќе ве насмее до солзи

Сека Алексиќ се пофали со домашните јајца и ја покажа семејната идила, а коментарот на Јаков ќе ве насмее до солзи

од nenad
2 минути читај за

Ги воодушевија нејзините следбеници


Постариот син на Сека, Јаков, кој во септември наполни осум години, покажа дека е и вредно и духовито момче…

Пејачката Сека Алексиќ често е активна на социјалните мрежи, а снимките од семејната куќа кои ги објави денеска на Инстаграм ги воодушевија нејзините следбеници.

Имено, познато е дека Сека живее надвор од Белград и дека направила вистинска мала оаза на мирот за своето семејство и за себе, но и дека е голем љубител на животните, па така, меѓу другото, одгледува кокошки и јагниња. Сека има и градина, со разни видови на зеленчук кои сама го одржува.

Овој пат помош имала и од синот Јаков кого ни помалку ни повеќе го снимила како ја полева градината.


Поврзани објави

„Како оди?“, се слуша како Сека го прашува Јаков.

„Никако“, одговара момчето.

„Тежок ли е животот?“, прашува Сека низ смеа.

„Да… Не е лесно да се биде дете“, хумористично одговори Јаков.

Инаку, пејачката се пофали со домашни јајца како и тоа дека има јагнињата.

Пејачката успеала да го „фати“ и сопругот кој се шетал со помалиот син, па очигледно е дека во нивниот дом владее вистинска семејна идила.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING