Сека Алексиќ синоќа имаше настап во еден познат белградски локал, а по тој повод проговори и за врската со колешката Јелена Карлеуша.
–Јелена и јас разговараме често, коментираме се и сешто – призна Сека.
Поврзани објави
Со оглед на тоа што ЈК неодамна призна дека постои машка личност кон која има чувства, медиумите се интересираа дали тие две разговарале на таа тема.
Искрено, не разговаравме за тоа, но мило ми е што е заљубена. Заљубувањето е убава работа и мило ми е – таинствено изјави Сека, пренесува српски Курир.
Потсетуваме, Јелена неодамна застана на страна на Сека кога Михајло Веруовиќ Војаж безобрзно и одговори на Алексиќ и ѝ порача дека неговите журки се најпопуларни и дека нејзината изјава дека тој и слични нему пуштаат музика од УСБ на настапите претставува за него омаловажување.