Почетна Економија Сежурне: Условите Франција официјално да ја признае Палестина како држава се уште не се исполнети

Сежурне: Условите Франција официјално да ја признае Палестина како држава се уште не се исполнети

од nenad
1 минути читај за

Условите за официјално признавање на Палестина како држава се уште не се исполнети, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурне, откако Норвешка, Шпанија и Ирска денеска објавија дека тоа ќе го сторат на 28 мај.

-Ова не е само симболично прашање или прашање на политичко позиционирање, туку дипломатска алатка во служба на решението на две држави кои живеат една до друга во мир и безбедност, се вели во изјавата на Сежурне.

Тој додаде дека Франција не смета дека се уште се исполнети условите таквата одлука да има реално влијание врз тој процес. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING