Ева Мендес можеби има 50 години, но изгледа како 20-годишна девојка
Ева Мендес отсекогаш важела за една од најпосакуваните актерки во Холивуд. Ретко кој може да поверува дека оваа убавица со кубанско потекло веќе има 50 години.
Сепак, Ева никогаш не криела дека има направено низа естетски корекции за да ја сочува младост. Но признала и дека зажалила поради тоа:
„Не се плашам да пробам некои работи, бидејќи повеќето третмани се реверзибилни. На пример, ботоксот исчезнува со текот на времето. Имам зажалено поради некои третмани, но во такви моменти само чекам да ми помине“, признала актерката.
Многумина велат дека таа прибегнала кон вакви третмани за да му парира на шест години помладиот сопруг Рајан Гослинг. Кога еден корисник на социјалните мрежи ја искритикувал дека старее, Ева му одговорила вака…
„Твојот коментар би требало да направи да се чувствувам лошо? Но јас сум добро. Јас сум благодарна што стареам. Ти благодарам за потсетникот дека сè уште сум жива и тука.“
Вистината е дека долго не се знаеше што се случува со Ева Мендес. Имено, откако се омажи со Рајан Гослинг и роди две ќерки, актерката сосема се повлече од јавниот живот.
Поврзани објави
Сопружниците го практикуваат правилото никогаш да не се појавуваат заедно на црвениот килим и да не даваат изјави еден за друг. Холивуд како да заборави на Ева, која се посветила на други активности. Оваа актерка развила многу успешен бизнис со средства за чистење, а ги рекламира на својот инстаграм-профил, користејќи ги своите актерски вештини.
И токму кога сосема заборавивме на неа, Рајан јавно ѝ се заблагодари на Ева при примањето важна награда, велејќи дека таа е лавица, бидејќи штотуку поминувала низ тешка животна ситуација поради загуба на член на семејството.
Оттогаш до денес, покрај успешната компанија за хемиски производи, Ева напишала и книга за деца со наслов „Деси, Мами и постојаните грижи“, во која главниот лик е мајката која ѝ помага на својата ќерка да ја победи анксиозноста.
По повод промоцијата на книгата, папараците ја уловиле Ева на улица неколку пати. Актерката носела трендовски кожен мантил, високи потпетици и фустан со тигрест дезен. Сите се шокирале поради нејзиниот изглед, бидејќи сè уште изгледа феноменално и свежо и покрај годините.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм