Почетна Економија СДСМ: Фијаско се политиките на ДПМНЕ, наставниците бараат повисоки плати

СДСМ: Фијаско се политиките на ДПМНЕ, наставниците бараат повисоки плати

од nenad
2 минути читај за




Единствено фијаско се погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот во сите сфери. СДСМ без помпа и слободно излезе денес да ги поддржи наставниците кои бараат повисоки плати кои ги заслужуваат. Притисоците кои го прави ВМРО-ДПМНЕ и навредите кон оние кои се противат на лошите политики се одраз на стравот од оние кои се надеваа на праведност и почит – просветните работници.

Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија. Иако им ветуваа поголеми плати на наставниците како опозиција, само што седнаа во фотелјите ја сменија плочата и сега велат нема пари. Тоа веќе не е фијаско туку се вика лажење!СДСМ 7 години ги покачуваше платите на наставниците дури и во ковид кризата и за време на енергетската криза. Секој септември се покачуваа платите на наставниците и кумулативно зголемувањето достигна 55%.

Мицкоски и ДПМНЕ го погазија достоинството на наставниците кои се клучна алка за подобар образовен процес на идните генерации. Доста се правдате и лажете по прес конференции од белиот дворец, земете работете и покачете ги платите на наставниците.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING