Почетна Технологија СДСМ: Силјановска и Тошковски контра премиерот, Мицкоски да им се извини на граѓаните

СДСМ: Силјановска и Тошковски контра премиерот, Мицкоски да им се извини на граѓаните

од nenad
1 минути читај за




После претседателката Гордана Силјановска и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека нема загрозување на безбедноста на државата и затоа нема потреба од свикување на Советот за безбедност. Ова значи дека и Силјановска и Тошковски го демантираат премиерот Христијан Мицкоски кој јавно соопшти дека има информации за нарушување на безбедноста и дека се спрема дестабилизација на земјата.

Сосема спротивно, според официјалните изјави на претседателката Силјановска и на министерот Тошковски Мицкоски не поседувал информации за нарушување на безбедносната состојба. Очигледно најавите на Мицкоски за некаква дестабилизација биле без основа, односно не се ништо друго освен сценирање, заплашување и манипулација со чувствата на граѓаните. За изнесените лаги Мицкоски треба да излезе и да им се извини на граѓаните! Ова секако не го исклучува од одговорност, за што Обвинителството треба да го повика Мицкоски на сослушување.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING