Почетна Технологија СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

од nenad
1 минути читај за




Премиерот Христијан Мицкоски се пофали дека телефонски разговарал со Бојко Борисов, му ја честитал победата и изразил оптимизам дека ќе успее да формира влада. Но, само пред еден месец јавноста во Македонија слушна меѓусебни отровни искази, навреди, барања за оставки на релација Борисов – Александар Николовски. Па дури и обвинувања за криминал. Николовски споменуваше „златки пачки“ и „стотици илјади евра“ како одговор на барањето на Борисов за негова оставка.

Затоа, логично е прашањето дали во овој телефонски разговор Мицкоски го прашал Борисов за неговото барање оствка од Николовски и за пачките злато? Имајќи ги предвид односите меѓу двете земји, Мицкоски треба да излезе и да одговори пред јавноста. Ако не разговарале, тоа значи дека двојните аршини, политичкото лицемерие и лажењето на граѓаните се единствена константа и одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.



Може да ве интересира и...

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING