30
Вчерашната посета на македонската делегација на Бугарија предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, опозицијата ја нарекува дипломатскиот неуспех, понижувачки и срамен преседан на политичката сцена.
Богданка Кузеска од СДСМ потенцира дека претседателката, придружувана од министри, во Бугарија била примен како претставник на некој од локалните бугарски клубови или општински институции, а не како висок меѓународен претставник на земја членка на НАТО и важен партнер..