Почетна Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно против себе, набавката на хеликоптерите Леонардо сега е добра а бараше да биде поништена

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно против себе, набавката на хеликоптерите Леонардо сега е добра а бараше да биде поништена

од nenad
1 минути читај за




Нов ден, нов доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се што критикуваше сега го прифаќа и промовира во јавноста. Додека беше во опозиција ВМРО-ДПМНЕ бараше да биде итно поништена набавката на хеликоптерите Леонардо кои ги склучи Владата на СДСМ и министерката Петровска. Жолчно се бореа и пишуваа соопштенија со денови за денес без коментар или измена да ја прифатат во целост. Има ли ден во кој ВМРО-ДПМНЕ нема да се погази себеси?

Според сите нивни постапки очигледно тоа што СДСМ го правеше било добро за државата, но не било добро за ВМРО-ДПМНЕ како опозиција. Опструкциите и постојаните напади на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција не беа ништо друго освен потреба да опструира државата и напредокот за нивна политичка корист. Деструктивноста сега излегува на виделина за секој предмет и за секој случај.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING