Љубителите на латино-танцот ширум светот ќе имаат уникатна прилика да бидат дел од еден од најпознатите настани во светот на танцувањето – Светското првенство во Латино танци Скопје 2024!
Настанот ќе се одржи во Скопје во Спортски Центар Борис Трајковски од 18 ноември 2024 до 23 ноември 2024, каде најдобрите 1500 танчари од 18 земји од светот ќе се натпреваруваат во некои од најпознатите стилови на латино, карибијан и салса музика и танци.
По тој повод денес се одржа прес конференцијата во СЦ Борис Трајковски, каде присуствуваа Др.Клаус Холбахер (потпретседател во ИДО) од Австрија и Др.Мета Загорц од Словенија, Данијел Апостолоски директор на СЦ Борис Трајковски и организаторите на напреварувањата Трајче Петковски од Бреј А Лег и Илија Карадаковски од Ит Д Бит.
Како најголемо и најпрестижно натпреварување во латино танцови дисциплини, Светското првенство во Латино танци 2024 ќе ја понуди највисоката сцена за професионалните танчари и за љубителите на овие страствени, динамични танци. Овој настан не само што ќе го прослави талентот и вештината на учесниците, туку и ќе ја истакне важноста на латино културата и музиката како глобално движење.
Светското првенство во Латино 2024 ќе се натпреварува во неколку категории, вклучувајќи:
– Румба, Ча-ча-ча, Самба, Пасодобле, Џај
Гости и судии:
Настанот е дел од ИДО органицаијата и ќе биде поддржан од 20 врвни експерти од светот на латино танците, со учество на признати 15 судии од меѓународни натпревари и светски шампиони. Се очекува во овие 6 дена голем број на гости, како и признати фигури од индустријата на забавата, музиката и танцот.
Информации и карти:
Светското првенство во Латино е еден од најочекуваните настани во светот на танцот и оваа година ќе биде поинаков од досега оджаните – ние сме многу возбудени што можеме да понудиме уште поголемо шоу и многу нови изненадувања за публиката,” изјавиja Трајче Петковски од Бреј А Лег и Илија Карадаковски од Ит Д Бит, организатори на настанот.
Картите за настанот ќе бидат достапни за продажба на билетарата во СЦ Борис Трајковски. Се препорачува навремена купубање, бидејќи се очекува голем интерес од љубителите на танцот и културата.
За настанот:
Светското првенство во Латино е престижно натпреварување кое ги собра најдобрите танчари од цел свет. Со повеќедецениско искуство и богатство на културни влијанија, ова натпреварување е еден од најголемите настани за љубителите на латино танците и музиката.
По минатогодишното Европско првенство во Латино танци кое се одржа во Скопје, Македонија покажа дека може да организира ушее едно вакво на натпреваување од светско калибар.
Новитет:
На прес конференцијата ексклузивно беше најавено од страна на Данијел Апостолоски директор на СЦ Борис Трајковски, дека Скопје повторно ќе биде домаќин на големо меѓународно натпреварување Светското првенство во балет 2026, кое за прв пат ќе се оджи во Скопје, Македонија.
Контакт:
Влатко Казанџиски
076 421 783
Email: [email protected]