Почетна Економија Сведоците на јавното обвинителство и натаму во корист на одбраната на Жан Митрев

Сведоците на јавното обвинителство и натаму во корист на одбраната на Жан Митрев

од nenad
2 минути читај за

Хемофилтрацијата во Македонија е одобрена почнувајќи од 2008 година, а како медицинско помагало за Ковид-19 од 2020 година. Лекарите од Клиниката „Жан Митрев“ како експерти за хемофилтрација обучувале доктори од регионот. Клиниката „Жан Митрев“ е дигитализирана на највисоко ниво во регионот и пошироко, пишува Нетпрес.

На денешното рочиште за случајот „Жан Митрев“, сведоците на обвинителството повторно дадоа искази целосно во корист на одбраната на д-р Жан Митрев. Сведокот на обвинителството кој што го развивал софтверот на Клиниката „Жан Митрев“ потврди дека станува збор за врвна дигитализација на највисоко ниво, најдобра во регионот и пошироко. Измени на податоци се речиси невозможни и самиот софтвер ги собира и ги генерира сите податоци.

Вториот сведок, единствен увозник на машините и филтрите за хемофилтрација во Македонија потврди дека во време на пандемијата производителот Baxter не можел да постигне да произведе филтри колку што била побарувачката и поради употреба на филтрите за хемофилтрацијата за ковид-19 ширум светот и заради последиците од ковид кај нефролошките пациенти. Во Македонија машините и филтрите за хемофилтрација, нагласи, дека се одобрени од надлежните органи од 2008 и 2009 година. Оxiris филтерот кој што е употребуван за хемофилтрација е одобрен од надлежните органи во Македонија уште во 2013 година, а пак во времето на пандемијата 2020 година е одобрен за увоз и регистриран како медицинско средство за хемофилтрација и при Ковид 19.

За целиот текст ТУКА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING