Тој не се откажа, па следната година повторно се појави на аудицијата
И по 20 години од првото емитување, музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд се уште е најгледаното и најуспешното шоу од кое произлегоа бројни ѕвезди.
Меѓу најбараните пејачи кои излегоа од ова популарно натпреварување е Дарко Лазиќ, кој дури и победи, но верувале или не, не ја помина првата аудиција.
Лазиќ првпат се пријавил на аудиција пред Саша Поповиќ и Жика Јакшиќ во 2006 година во Шабац, кога имал само петнаесет години.
Иако пееше прекрасно, неговиот глас се уште не беше оформен, па Поповиќ реши да почека уште малку.
Дарко избра да се претстави со песната „Željo moja“ од Дејан Матиќ, а по неа директорот на Гранд продукција го замоли да отпее уште нешто.
Тогаш младиот Лазиќ реши да ја отпее песната „Povredi me“ на Никола Роквиќ и повторно на Дејан Матиќ хитот „Niko i neko“.
Сепак, и тоа беше неуспешно. Дарко не ја помина првата аудиција, но не поради недостаток на талент, туку затоа што беше многу млад.
Тој не се откажа, па следната година повторно се појави на аудицијата, но тогаш веќе како зрел тип, со зрел глас.
Жирито во состав Саша Поповиќ, Жика Јакшиќ и Енџи Мавриќ беа воодушевени од неверојатната трансформација која се случи за само една година.
Поврзани објави
Потоа ја испеа песната „Seti me se“ од Ацо Пејовиќ и „Povredi me“ од Никола Роквиќ.
Имаш ли трема“ – го прашал Поповиќ, а Дарко му одговорил дека има, но малку.
По одличните настапи, Саша Поповиќ не остана рамнодушен, а накратко им се обрати на сите пријавени учесници.
Веднаш земете му автограм, подоцна ќе биде доцна“ – цврсто рече Поповиќ.
По Ѕвездите на Гранд и вртоглавата популарност што ја доживеа на натпреварувањето, Дарко призна дека славата го однела многу високо.
Лаже секој што вели дека не го промениле парите и славата. Некои „летаат“ повеќе, некои помалку, но нема човек кој не го понесува славата“ – изјави Лазиќ во една прилика.
Како изгледала првата аудиција поглденете ОВДЕ
Фото: Printscreen Youtube
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: