14
Ова е совршениот колач за викенд: брзо се приготвува, сите состојки веќе ги имате во кујната, а толку е вкусен што сите ќе го обожаваат
Состојки:
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша брашно
- 1 чаша брашно од гриз
- 100 г путер
- 1 прашок за печиво
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 лажица густин
- 400 г овошје по ваш избор
НАПОМЕНА: Сите чаши треба да се исти, од 200-250 мл.
Поврзани објави
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки во една поголема чинија, па префрлете ги во плех и печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 25-30 минути.
ФОТО: Isabella / Unsplash