Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ отсекогаш нагласувал дека е од Сараево, а братучедот на пејачот откри детали за неговото потекло.
Чолиќ е роден во Сараево и сите го сметаат за Босанец, но всушност тој е чист Херцеговец – и мајка му и татко му се од Херцеговина.
Самиот Чола ретко зборуваше за своето семејство, само неколку пати ги спомна Требиње и Столац, родното место на мајка му во Требињската шума, но никогаш Влаховиќи. А Чолиќ се од Влаховиќи, едно од поголемите села, на 15 километри од Љубиње.
Миливое Чолиќ, еден од ретките кои се вратиле во селото и живее таму, веднаш до големата камена куќа во која се родени таткото на Здравко, Владо и дедото Душан.
„Во оваа куќа беше кнезот од селото. Чола е од таа фамилија, од последниот кнез од селото. Чолиќ беа кнезови (Владееле со селото). Шќепан беше последниот кнез на Чолиќ, тоа е прадедото на Здравко. Чола не е роден овде, дојде еднаш, пред десет години со брат му. Дедо му се пресели во Тополовац, а Владо, неговиот татко, бил во Сараево во полиција. Според мене, не сум ни сигурен дека Здравко верува дека е одовде“, рекол Миливоје, братучед на Здравко Чолиќ.
Фото: Инстаграм Принтскрин @zdravko.colic https://www.instagram.com/zdravko.colic/