Вчера се одржа помен за легендарниот пејач Тома Здравковиќ.
На вчерашен ден, 30 септември, пред 33 години почина Тома Здравковиќ. На неговиот гроб вчера беше положено цвеќе и се послужуваше за душа. Но многумина очекуваа дека на гробот ќе дојде некој од колегите, од естрадата, што не било случај.
Всушност на гробот дошла само вдовицата на Тома, Гоца Здравковиќ.
Поврзани објави
„За мене ништо не се промени, иако не е тука, за мене е тука. Го има во моето срце, го има во народот. Велат дека времето лечи се, но не може да се излечи сто отсто се“, рече вдовицата на Тома, пренесува Нпортал- новости.
Инаку, споменикот на Тома Здравковиќ беше поставен минатата година на Скадарлија, местото каде што пејачот и еден од најголемите боеми на поранешна Југославија, остави длабока трага во кафеанската музика.
Фото:Инстаграм Принтскрин @tomazdravkovic https://www.instagram.com/toma__zdravkovic1938/